Радио Милева
банкрот...

Дарко Лазиќ не излегува од кафеана, а тоне во долгови: И куќата ќе му ја земат лихвари (ФОТО)

Дарко Лазиќ  не излегува од кафеана, а тоне во долгови: И куќата ќе му ја земат лихвари (ФОТО)

Соседите на Дарко Лазиќ од родното село Брестач велат дека пејачот никако да се смири и дека неговите родители постојано се загрижени.

Еден од соседите посочи дека Дарко само размислува на кафеана, не ги враќа долговите и не се обидува да спаси нешто.

„Новата куќа е  недовршена, а бебето само што не е родено, гледам дека некои луѓе доаѓаат со бесен автомобил, веројатно тие го бркаат заради долговите.  Марина е толку млада и веќе има сериозни проблеми“ – рекол соседот, додавајќи дека Дарко штом отвори очи, веќе е во кафеана и само “си тера по свое”.

„Треба да влезе во новата куќа, но јас навистина се сомневам во тоа, тој има толку многу долгови, а и не се откажува од пороците и не размислува за иднината. За да биде пострашно, тој сè уште се задолжува и позајмува пари, како гаврани мозокот да му го испиле. Кога тргнал, оваа куќа, се плашам, ќе заврши во туѓи раце заради долгови и камати, бидејќи тој тие пари оддамна ги должи“ – заклучил соседот на Лазиќ од Брестач.