Радио Милева

Дарко Лазиќ на полиграф првпат искрено за Ана Севиќ, дрогата и долговите (видео)

Дарко Лазиќ на полиграф првпат искрено за Ана Севиќ, дрогата и долговите (видео)
фото: Принтсркин/јутуб

Дарко Лазиќ неодамна одржа концерт во „Сава Центар“  со кој означи почеток на нов живот  и нова кариера по неговата тешка сообраќајна несреќа.

Деновиве, Лазиќ беше на „Блиц полиграф“ каде што одговараше на разни прашања, некои од нив се покажаа како точни, а некои како неточни.

фото: принтскрин/јутуб

Тој откри дали е точно дека добил бакшиш од 50 000 евра, откри дали некогаш ја изневерил свршеницата Марина, дали имал паралелни врски.

Дали некогаш сте ја изневериле свршеницата Марина?

„Не“, одговори Дарко и одговорот се покажа како точен.

Дали некогаш сте биле во паралелна врска?

„Не“, одговори Дарко, а одговорот се покажа како неточен, а тој објасни дека не знае дека таа ситуација може да се каже како паралелна врска.

фото: јутуб

Дали е точно дека Ана Севиќ во текот на бракот ве следела?

„Да точно е. Не знам дали тоа го правела лично или преку некој друг“ вели Лазиќ и открива дека со бившата сопруга има контакт поради нивната ќерка Лорена.

Дарко исто така откри дека должел одредена сум на пари, но дека тоа сега е средно и долговите се вратени.

фото: Принтскрин/јутуб

Дали е точно дека сте користеле наркотици?

„Да, точно е“ вели Дарко.

Целото интервју погледнете во видеото подолу.

Останати вести од Радио Милева