Радио Милева
нови ризици

Дарко Лазиќ мора под итно да стане на нозе, ама една работа може да му го загрози животот (ФОТО)

Дарко Лазиќ мора под итно да стане на нозе, ама една работа може да му го загрози животот (ФОТО)

Фолкерот  Дарко Лазиќ вчера имаше операција на бутната коска при што му беше вграден вештачки колк, а претходната ноќ ја поминаа мирно и беше во можност да ги види своите родители и вереницата Марина.

– Дарко доби лекови против болка во текот на ноќта, така што ноќта ЈА мина мирно. Беше тоа сосема нормална постоперативна ноќ – изјави лекарски извор од болницата.

Според докторите, закрепнувањето ќе трае најмалку шест месеци, а Лазиќ ќе остане во болницата најмалку уште еден месец.

Поради можните компликации, лице со повреди како што е Дарко мора да биде под постојан медицински надзор најмалку еден месец. Веднаш по операцијата му беше променета позицијата на телото и главата на  креветот за да се намали ризикот од  собирање вода во белите дробови. Покрај овој ризик него му се заканува и емболија, блокада на артеријата од згрутчување на крвта и тромбоза, па  треба да прима зголемена  антикоагулантна терапија – објаснил лекарот.

Лазиќ ќе добие помош, патерици или помагало за полесно движење, за да може да застане на нозе.

– Тој мора да застане на нозе во следните неколку дена. Поради скршени ребра и комплетната ситуација, закрепнувањето и проодувањето мора да одат постепено. Сите околу него и тој самиот треба да бидат многу трпеливи – заклучил докторот, пренесува Свет.рс!

Фото: Инстаграм принтскрин