Радио Милева

Дарко Лазиќ има други приоритети, а свадбата со Марина ќе почека

Дарко Лазиќ има други приоритети, а свадбата со Марина ќе почека
фото:марина гагиќ/инстаграм

Пејачот Дарко Лазиќ (28) и неговата свршеница Марина Гагиќ (21) планираат свадба, а судбинското „да“ најверојатно ќе се каже во октомври годинава.

Двојката истакнува дека пред сè, тој сака да се посвети на својот син Алексеј и на неговата прва роденденска прослава, како и на церемонијата за крштевање.

Дарко вели дека не планираат заедно за крштевање и свадба затоа што тоа би било премногу.

фото:дарко лазиќ/инстаграм

– Ние не би правеле свадба, крштевање и прв роденден заедно, тоа би било премногу. Нашиот приоритет е првиот роденден и крштевањето на Алексеј, а свадбата ќе чека. Не знаеме точно кога ќе биде. Ако свадбата е оваа година, можеби е во октомври, или можеби следната година … – откри пејачот за Телеграф.рс

Што се однесува до свадбената церемонија, Лазиќ посочува дека се уште не започнале подготовките, но дека е сигурен дека тоа ќе биде голема прослава.

– Не започнавме да планираме или подготвуваме ништо, тоа сигурно ќе биде одлична прослава за повеќе од 800 луѓе … Многу од моите колеги ќе ни пеат, засега не можам да издвојам ниту една личност – вели Дарко.

Останати вести од Радио Милева