Радио Милева

Дарко Лазиќ ги откри сите детали за разводот со Ана Севиќ

Дарко Лазиќ ги откри сите детали за разводот со Ана Севиќ
фото: принтскрин/блиц/инстаграм

Пејачот Дарко Лазиќ и Ана Севиќ иако се разделија пред повеќе од една година, тие  законски се разведоа пред некој ден.

Пејачот потврди дека официјално е разведен и ги откри како детали за разводот.

„Ана и јас сме цивилизирани луѓе, и понатаму сме во одлични односи бидејќи пред се бевме пријатели, а ја имаме и ќерката која ја сакаме најмногу на цел свет“ вели Дарко и додава дека се договориле и околу старателството на ќерката.

фото: принтскрин/блиц

„За се се договоривме. Ќерката ќе живее со Ана, но првиот и третиот викенд во месецот ќе ги поминува со мене. За празниците исто така се договоривме да ги делиме еднакво, еден празник ќе го поминува со мене, еден со неа. Најважно е таа да е среќна и наскоро да го запознае братот“ вели пејачот.

Пејачот и неговата свршеница Марина Гагиќ наскоро ќе станат родители, а парот планира и венчавка.

фото: рајко ристиќ

„Сега може да ја планираме свадбата, но приоритет ни е да ја средиме куќата пред да се роди бебето“ вели Дарко.

Тој истакна дека својот стан во Белград го оставил на Ана и неговата ќерка Лорена.

„Станот останува на Ана и Лорена. Не сакам детето да се преселува, да оди во нова градинка, ново друштво. Се на се пресреќен сум“ вели некогашниот победник на „Ѕвездите на Гранд“.

фото: Инстаграм

За потсетување, Дарко во октомври претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која се уште оздравува.

По разделбата со Ана, пејачот започна нова врска со Марина, а и Севиќ ужива во нова љубовна романса.