Радио Милева
тотално пропадна...

Дарко Лазиќ е првиот на естрадата што банкротираше: Српскиот фолк пејач поради короната буквално остана без „банка во џебот“ (ФОТО)

Дарко Лазиќ е првиот на естрадата што банкротираше: Српскиот фолк пејач поради короната буквално остана без „банка во џебот“ (ФОТО)

Естрадата е една од најтешкопогодените гранки од последиците од коронавирусот, кој не само што ги наруши плановите на многу пејачи, туку им нанесе таков финансиски удар по џебот, што дури и доброплатените како Дарко Лазиќ тоа не го издржаа, со оглед на фактот дека немаат да настапи во клубови, дискотеки, кафеани, хотели, дома и во дијаспората, а нема ниту свадби, матури, крштевки  и други семејни веселби.

Иако Дарко Лазиќ неодамна тврдеше дека нема финансиски поголеми проблеми, неговиот пријател откри дека пејачот паднал во дебели долгови поради бројните трошоци кои биле непланирани.

„Дарко можеби не изгледа така, но тој веќе две години едвај спојува крај со крајот. После сообраќајната несреќа, тој не работеше речиси цела година, па мораше да живее од нешто, а и да ги плати  лекувањата и скапите терапии. Во меѓувреме, почна да живее и со Марина, а и го доби синот. Дури и да имал некои резерви, тие се потрошени“ – вели изворот и додава дека терапиите за опоравување на пејачот чинеле баснословно, а на трошоците никогаш им нема крај:

„Даре се нервира што сè уште не ја завршил куќата во Брестач, каде живее со Марина и неговиот син. Тој ја опреми внатрешноста, но останува многу работа надвор, како и во дворот. За него беше тешко да нема работа и тој едвај се извади од своите стари долгови. Мораше да ги врати и парите на сопствениците на клубовите во кои настаните беа откажани неговите настапи по сообраќајната несреќа што ја доживеа.

Планираше да го заврши албумот до лето и да работи со полна пареа цело време, но коронавирусот запре се’, па наместо да заработи пари, сега тој мора да се позајмува. Дарко е во голема паника. Знам дека тој ги замоли неговите родители да му помогнат, ги наговори Бранка и Милан да се обидат да подигнат кредити“ – вели изворот, додавајќи дека патем пејачот плаќа и алиментација за неговото дете Лорена, ќерката што ја има од првиот брак со пејачката Ана Севиќ.