Радио Милева

Дарко Лазиќ наводно добива закани дека ќе заврши како Шабан Шаулиќ

Дарко Лазиќ наводно добива закани дека ќе заврши како Шабан Шаулиќ
фото: принтскрин/инстаграм

На пејачот Дарко Лазиќ наводно ми стигнуваат закани од мафијата која е поврзана со естрадата.

Имено, како што пишува курир.рс поради долгови Дарко добивал закани дека ќе заврши како Шабан Шаулиќ.

Наводно, Лазиќ е должен 300 000 евра на еден менаџер, а тие пари ги потрошил за лекување и за купување на автомобили.

„Дарко земаше пари и ги трошеше. Тој мислеше дека долгот ќе го плати со пари од настапи. Земаше пари за скапи автомобили, летувања и трошоци кои не се мали бидејќи е познато дека трошеше на дрога и коцка. Меѓутоа, во плаќање на долгот го спречи сообраќајната несреќа  и тогаш мораше да позајми пари за лекување.  И тука настанаа проблемите, бидејќи никој нема пари за фрлање. Тие луѓе кои му даваа пари многу се налутија бидејќи се врати на стариот живот. Дарко повторно почна да пие, а се плашат дека повторно ќе земе дрога“ вели извор за курир.рс и додава:

фото: глориа.рс

„Прво, му се јавија на Дарко и му кажаа што да прави. Прво беше да сними песна и да почне да пее како порано, а ако повторно се врати на пороците, нема да му ги простат долговите“, вели изворот.

За потсетување, Лазиќ во октомври претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај се спаси.

Останати вести од Радио Милева