Радио Милева
Дедо Мраз од Илинојс

Дарко Јефремов – македонскиот камионџијата од САД дојде во Скопје: Но, не по Сергеј и Зоки-Фаци, туку за да направи нешто што ја фасцинираше јавноста (ВИДЕО)

Дарко Јефремов – македонскиот камионџијата од САД дојде во Скопје: Но, не по Сергеј и Зоки-Фаци, туку за да направи нешто што ја фасцинираше јавноста (ВИДЕО)

Дарко Јефремов,  преку ноќ стана познат со своето „Камионџија шоу“.  Македонскиот камионџија од Чикаго – САД, по пародииите на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија и ТВ водителот Зоки – Фаци, стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.

Повеќето го фалеа, некои го критикуваа, ЛГБТ борците за права и еднаквост го напаѓаа… ама анонимниот шоумен од камионџиската кабина стана интерконтинентална атракција меѓу следбениците на Инстаграм.

И кога оние на кои не им се допаѓаше неговиот тип на хумор и стил на изразување тврдеа дека се работи за обичен „фолирант“, кој само сака да го привлече вниманието на себе за да биде познат и интересен, Дарко деновиве ги дементаираше со еден потег кој ја фасцинираше јавноста.

Имено, „чикашкиот вербален револвераш“ се појави среде Скопје!? И тоа не било како, туку како Дедо Мраз, но не од Коњари, туку од Илинојс! Дарко го наполни својот автомобил со новогодишни пакетчиња, се промени во дедомразовски костим, со себе ги понесе понежната половина маскирана во еленчето Рудолф и својот пес Бено и тргна со полна торба да дели  подароци по скопските улици!

Сакајќи да им ја врати насмевката на децата кои не можат да си приуштат новогодишно пакетче, хуманиот македонски Дедо Мраз од Илинојс им ги делеше на сиромашните дечиња.

Особено на оние кои скитаат и питаат по скопските булевари и раскрсници, камениот мост на Вардар, ГТЦ…, а најчесто се деца од Ромската популација!

Својата девиза дека: „Секој некого може да направи среќен“, Дарко  ја демонстрираше на дело!

Потег со кој покажа колку малку треба за луѓето, особено децата,  барем за миг да ги направиме среќни и да им ги стоплиме срцата!

Дарко Јефремов, македонскиот комичар од зад камионџискиот волан се покажа како џин со хумано срце… големо колку неговата Сканија!