Радио Милева

Дарко Димитров проговори за соработката со Анастасија Ражнатовиќ, Наташа Беквалац…„Кај мене нема ѕвезди, јас сум ѕвезда“ (видео)

Дарко Димитров проговори за соработката со Анастасија Ражнатовиќ, Наташа Беквалац…„Кај мене нема ѕвезди, јас сум ѕвезда“ (видео)
фото: Принтскрин/јутуб

Српската естрада се почесто е на гости во Скопје, но не само за настапи, туку и по парче музичка уметност.

Во последно време во студиото на Дарко Димитров се чека ред за нов хит.

Анастасија Ражнатовиќ, Ана Николиќ, Наташа Беквалац, Луна Ѓогани, Емина Јаховиќ…..и многу други македонски и српски естрадни уметници се најдоа во студито на Дарко, а отаму излегоа со хит.

фото: Принтскрн/инстаграм/даркодимитров

Димитров во интервју за „Бекстејџ“ проговори за соработката со музичките ѕвезди.

„Кај мене ѕвезди нема, јас велам кога ќе дојдете кај мене јас сум ѕвездата. Не поради тоа што јас сакам да бидам ѕвезда туку поради тоа што мора да се спуштиме на ниво каде што сме никој и ништо за да може да дадеме максимум. Сите тие луѓе се преталентирани. Кога ги гледаме вака си мислиме дека некој им помогнал, но не е така. Мора да носиш нешто во себе, да го градиш со години, да знаеш да даваш за да ти дадат. Со нив имам слична енергија, ја примам нивната енергија, емоција, какви проблеми имаат во моментот“ вели Димитров.

фото: Принтскрин/јутуб/бекстејџ

Тој исто така откри како изгледаат и нивните средби

„Често имаме ситуација да се скараме во студио, некој да се исплаче и да си замине.Со Емина бидејќи многу сме блиски ќе се скараме, ќе си замине и потоа кога ќе се врати ќе излезе хит“ вели Дарко.

Дарко се потпишува и на песната „Ране“ на Анастасија Ражнатовиќ, а сега откри дека заедно со неа работи на нејзиниот нов албум.

фото: Принтскрин/јутуб/бекстејџ

„Работиме со Анастасија на нејзиниот нов албум.Мислам дека ќе има многу добар албум бидејќи песните се правени да и одговараат на нејзината емоција бидејќи таа е емотивен пејач“ вели Димитров.

фото: Принтскрин/јутуб/бекстејџ

Тој истакна дека му значи што ѕвездите го фалат и имаат убави зборови за него.

За потсетување, Дарко  заедно со Коста Петров, Лазар Цветковски и Роберт Билбилов работеше на евровивизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска.

Во продолжение погледнете го интервјуто на Димитров за „Бекстејџ“.