Радио Милева

Дара Бубамара со потсмев кон Вики Миљковиќ: „Не се фолирај, те молам!“ (фото)

Дара Бубамара со потсмев кон Вики Миљковиќ: „Не се фолирај, те молам!“ (фото)
фото:инстаграм

Во најновото издание на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ пејачката Дара Бубамара беше гостинка и предизвика лавина од коментари бидејќи направи целосен хаос во студиото.

Пејачката скокаше на маса и ја покажуваше својата долна облека, а публиката и членовите на жирито бурно реагираа.

– Направив лудило! Кога не сакаа да пуштат еден од натпреварувачите, јас се качив на масата и го притиснав копчето со ногата! Дара гордо споделува за „Информер“.

Иако ќе се сеќава на ова искуство како исклучително убаво и возбудливо, Бубамара мораше да признае дека не и се допаѓа соработката со Вики Миљковиќ.

фото:инстаграм/вики миљковиќ

– Вики не зборуваше, таа се исплаши од мене. Само за себе рече дека е привлечна и тогаш сакав да умрам од смеа! Ми дојде да и речам: „Не се фолирај, те молам!“.

Останати вести од Радио Милева