Радио Милева

Даниел Кајмакоски по долго проговори за приватниот живот: „Ако јас некогаш бидам многу успешен, ќе го учам мојот син да се труди во животот“

Даниел Кајмакоски по долго проговори за приватниот живот: „Ако јас некогаш бидам многу успешен, ќе го учам мојот син да се труди во животот“
фото: Принтскрин/јутуб/хепитв

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски претходната година стави крај на бракот со Кристина Димитриевска со која го има синот Давид.

По разводот, Кајмакоски се огласи еднаш истакнувајќи дека така било најдобро.

-Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината“, изјави Даниел претходната година.

Даниел по разводот се пресели и живее во соседна Србија каде што учествува во разни музички шоуа и има настапи.

фото: Принтскрин/јутуб

Деновиве, тој гостуваше во утринската програма на Хепи телевизија каде што зборуваше за својата кариера, Х фактор, својот приватен живот…

На прашањето како успеал да остане толку скромен, тој вели дека не обрнувал внимание на тоа, се трудел себеси да не се измами без разлика кој е и што е, и дека би сакал неговите родители да бидат горди на него.

На прашањето дали тоа го учи и воспитува синот, Кајмакоски вели:

-Секако, скромност е многу важна работа. Мислам дека секое дете треба да се учи на скромност, да се бори за себе, да направи сам во живтотот. Ако јас некогаш бидам многу успешан, на моето дете нема да му дадам се на тацна туку би го учел да се бори и да се труди во животот. Како татко секогаш ќе бидам тука, но би сакал сам да знае да се бори“, вели Даниел.

фото: Принтскрин/јутуб

На прашањето како успева да ги заврши сите приватни и професионални обврски, Кајмакоски вели:

-Тоа темпо понекогаш ми влијае. Колку повеќе обврски имаш едноставно се трудиш да се снаоѓаш во такви ситуации. Секако, сега е многу тешко време, никој од нас не може да прави планови. Сите сме во иста ситуација. Како успевам во тоа? Морам да успеам, затоа што имам доволни години и не само кон себе туку и кон свеото дете, затоа што би сакал гордо да каже – ете, тоа е мојот татко“, вели македонскиот пејач.

Целото интервју погледнете го видеото подолу.

Останати вести од Радио Милева