Радио Милева
испрати скриена порака

Даниел Кајмакоски: „Не е важно колку добра ќе направиш во животот, луѓето секогаш ќе ти судат за грешките“

Даниел Кајмакоски: „Не е важно колку добра ќе направиш во животот, луѓето секогаш ќе ти судат за грешките“
фото: Принтскрин/инстаграм/даниел кајмакоски

Maкедонскиот пејач Даниел Кајмакоски кој победи на „Х фактор“, a подоцна и во „Твоето звучи познато“ веќе некое време живее во Србија.

Кајмакоски како и повеќето колеги е на принудена пауза од музичката кариера поради пандемијата со коронавирусот.

Кајмакоски не е премногу активен на социјалните мрежи, па постојано да објавува каде е и што прави. Одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија.

Кога станува збор пак за неговиот приватен живот, Кајмакоски го крие како “змија нозе“ и не сака премногу да зборува за него.

По разводот од Кристина Димитриевска со која го има синот Давид, само се огласи и не зборуваше премногу за таа етапа од неговиот живот.

Исто така, ни сега не зборува многу за емотивната страна на својот живот, ниту пак дали има партнерка..

Синот на Даниел и Кристина неодамна славеше роденден. Македонската мисица направи мала забава за синчето, а Кајмакоски не се појави, ниту преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на наследникот.

Меѓутоа, неколку дена подоцна, пејачот објави „Инстаграм стори“ со цитат:

„Не е важно колку добра ќе направите во животот, луѓето секогаш ќе ви судат поради вашите грешки“, напиша Кајмакоски покрај фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/даниел кајмакоски

Дали пејачот сакал на некој да испрати порака не знаеме, а дали наскоро ќе сними нова песна останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева