Радио Милева

„Дали ова лице ви звучи познато?“: Даниел Кајмакоски во Црна Гора се сретна со една многу драга личност

„Дали ова лице ви звучи познато?“: Даниел Кајмакоски во Црна Гора се сретна со една многу драга личност
фото: принтскрин/инстаграм

Даниел Кајмакоски на јавноста стана познат со неговото учество во регионалното музичко шоу „Х фактор“ каде што ја освои публиката со својот глас и го однесе првото место.

Кајмакоски исто така учествуваше во регионалното шоу „Твоето лице познато“ каде што се покажа како одличен имитатор и  покажа како се снаоѓа во улога на други светски ѕвезди.

Иако направи музичка пауза, Даниел повторно се враќа на музичката сцена.

 

View this post on Instagram

 

Hope you guys enjoyed last night like we did.. Thank you so much for your loyalty see you soon #blackberriesband #liveconcert

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

Даниел постојано е на некоја патување во регионот каде што има настапи, па често може да го видиме на релација Скопје- Белград- Будва.

Така деновиве Кајмакоски настапуваше во Црна Гора каде што и преку лето се наоѓаат и голем број на пејачи поради летната сезона.

На црногорското приморје Кајмакоски се сретна со еден од победниците на музичкото шоу и пејачот Бане Мојиќевиќ.

Тој ја искористи оваа средба за една заедничка фотографија која ја објави на социјалните мрежи, а во описот напиша:

„Дали ова лице ви звучи познато“.

фото: принтскрин/инстаграм

Веруваме дека Бане и Даниел како двајца уметници имале многу заеднички теми на разговор, а дали ќе падне и некоја соработка меѓу нив останува да видиме.