Радио Милева
сложни „сестри“

Дали е можно Мелита и Накова да си го делат меѓу себе? (ФОТО)

Дали е можно Мелита и Накова да си го делат меѓу себе?  (ФОТО)

Македонските убавици, едната некогашна ТВ водителка, другата топ модел и манекенка, Мелита и Накова очигледно се многу блиски. Двете се дружат приватно, па случајно или намерно и еден од последните викенди го поминаа заедно… на море. Неа Потидеа на Халкидики.

И како што е редот, додека  двете сирени ги впиваа првите сончеви зраци кои го навестуваат жешкото лето, „некој трет“ беше задолжен за овековечување на моментот! Барем на оние моменти што е дозволено да ги видат сите, иако… никогаш не се знае!  А каде на друго место ако не на  социјалните мрежи се разбира, на кои и Накова и Мелита се многу активни и постојано постираат нови фотографии.

Позирањето на обете им е во крвта, па не им беше тешко што одделно, што заедно да ја распостелат сета своја телесна раскош и убавина… „Како две сестри од различна мајка“ – што би рекла самата Накова!

Згодни, стројни, бујни, пожелни… со сочни облини што мамат воздишки, одделно или заедно македонските трендсетерки го  разубавуваа беломорскиот брег во различни пози, на различни локации, во различни секси костими за капење. Или можеби ова последново не е баш така?

Имено на една од фотографиите убаво се гледа дека Накова испружена на лежалката за сончање на себе има дводелно црвено бикини…

Веќе на следната фотографија, каде што обете позираат на приватната плажа, двете македонски сирени на себе носат различни костими… Накова во едноделен, син со длабоко деколте, а Мелита… ист како нејзината „сестра од друга мајка“ претходниот ден: дводелно црвено бикини…!!?

Па, белким не е истиот!? И тој и оној другиот, едноделниот, црвен со патент во средината?

Или можеби Александра и Мелита си делат меѓу себе и работи што не ги знаеме?

А кога сме веќе кај овие што ги знаеме, самите процените, па одлучете на која истиот костим и стои подобро? И на која би и го… препорачеле едноделниот, а на која дводелниот костим за капење?