Радио Милева
Кога љубовта и славата ќе се измешаат

Дали Антониа Гиговска и Иван Јованов од „Либеро бенд“ се исто како што беа Ноне и Ристе Тевдоски од „Браво бенд“? (ФОТО)

Дали Антониа Гиговска и Иван Јованов од „Либеро бенд“ се исто како што беа Ноне и Ристе Тевдоски од „Браво бенд“? (ФОТО)

Музичката кариера на една од најнадежните и најталентирани млади македонски пејачки Антониа Гиговска, па и приватниот живот и врската со Иван Јованов – пејачот на „Либеро бенд“, во многу што потсетува на музичко – љубовната сага на една друга не така оддамна позната македонска музичка двојка: Ноне Неделковска и тогаш пејачот на „Браво бенд“, Ристе Тевдоски.

И Антониа како и Ноне, кариерата ја започнува многу млада, а првите поголеми успеси обете ги доживуваат на тинејџерска возраст. На обете големата врата во светот на музиката ќе им се отвори на ист начин – преку регионално музичко талент шоу.

Ноне беше тогаш во регионалниот „Идол“ каде дотурка до самото финале, но не победи. Го освои второто место иако реално ја заслужуваше победата! Антониа исто така. Воодушеви во Пинковите „олстарс“ ѕвездички и нивната завршница, но не победи, иако и таа, како и Ноне – требаше…  И оттука работите тргнуваат да се движат забрзано кон врвот… и кај обете.

Тогаш Ноне станува ексклузивец на „Премиер продукција“ и ја започнува солистичката кариера. Се нижат првите хитови „Лесно ко два и два“, „Твоја сум“, „Најди малку време“… фестивалските настапи на сите домашни фестивали каде само заради познатите „задкулисни игри без граници“ никогаш не победи, но затоа пак публиката своите победници во вид на миленици самата знае да ги препознае и одбере.

Ноне станува најголемата млада македонска поп ѕвезда во првата половина на годините по 2000-та, сериозно фрлајќи ги во сенка веќе етаблираните македонски пејачки имиња како една Елена Ристеска или Тамара, на пример.

Кај Антониа се случува или е на пат да се случи речиси истото. Одличниот вокал, уште подобрата изведба и начинот на пренесување на емоцијата кон публиката во вокалната експресија и сигурниот настап  прават на веќе споменатите, но и на сите други македонски женски вокали, сериозно да им се затресе тронот, ставајќи ја Гиговска на пиедесталот на кој се најде во моментов со најдобрите македонски пејачки.

Впрочем, доказе вокалната поддршка на Тамара на Евросонг или „фабриката за звук и хитови на истиот човек“ – Дарко Димитров кој сега наместо некои други го користи гласот на Гиговска за поддршка на своите интернационални тезги, како што е случајот со првата песна на Луна Ѓогани, да речеме, на која Гиговска и ги отпеа придружните вокали, а можеби и повеќе од тоа.

Ноне набргу стартуваше со албум, прв, па втор, Гиговска ја очекува истото. Потоа за Ноне дојдоа настапите на најпознатите регионални фестивали како „Будва“, „Сунчане скале“ „Зеница“, „ Нови пазар“… Повеќето однив сега ги нема, но затоа ги има „Гранд“ и „Пинк“ и едн куп нивни емисии каде Антониа веќе ја знаат и сметаат на неа.

И тогаш дојде пресвртот во кариерата на тогашната, а веројатно и на сегашната пејачка. Но многу повпечатлив тогаш, а и сега е пресвртот на кариерите на  нивните „посилни“, а помалку познати половини, иако можеби подолго од нив биле, односно се во музичкиот свет пред очите на јавноста.

„Браво бенд“ имаа куп тезги, а секоја недела беа два часа во живо како придружна група во тогаш многу популарното ток шоу на Лила Филиповска. Покрај неа сите ги гледаа, ама нив никој поединечно не ги знаеше… Освен само мал круг музичари. Ноне беше поканета да биде гостинка во шоуто и тогаш се сретнаа погледите и заиаскрија првите љубовни искри помеѓу неа и тогашниот вокал на групата, Ристе Тевдоски.

Симпатијата бргу прерасна во „тајна врска“, која медиумите набргу ја обзнанија и така Ноне и Ристе од „Браво бенд“ станаа во тој момент најпопуларната музичка двојка во Македонија.

Приказната со Антониа Гиговска и однеодамна нејзиното момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов е речиси идентична. Групата свиреше и пееше, имаат безброј настапи ама медиумски…? Речиси никој не знаеше како се вика по име и презима нивниот вокал, се’ додека не излезе во јавноста дека е тој е новото момче на Антониа! И одеднаш види чудо, сите го знаат и препознаваат!

Врската на Ноне и Ристе со мали прекини траеше неколку години, се’ додека пејачот славата не го удри в глава, па реши да ја напушти… И врската со пејачката и групата, па тргна соло! Но, се’ што  направи потоа, беше далеку од успехот и популарноста кои Ристе ги имаше додека беше со Ноне и „Браво бенд“. Подоцна и самиот ќе признае дека врската со Ноне го извади од калта на анонимноста. Нивната разделба, веројатно и му ја закопа кариерата, а на Ноне и ја продолжи. Баладата „Зошто баш ти“ посветена на нивната љубов, стана евергрин!

За Антониа и Иван е рано да се каже, зашто се’ уште се „тазе“ и се’ уште „сркаат од љубовниот мед“. Но теглата бргу се празни, а кариерата уште побргу напредува, па останува да видиме дали и оваа музичко -љубовна приказна ќе тргне по истиот пат. Славата бргу опива и удира в глава, па некои веќе го гледаат Иван Јованов како „либеро“, односно како соло пејач, но…?

Со или без Антониа и во или надвор од „Либеро бенд“ –  времето ќе покаже! Зашто не е баш „лесно ко два и два“ секоја судбина да се предвиди!