Радио Милева

Далеку од корона, далеку од Македонија….македонскиот пејач ужива на плажа, а друштво му прави една од најважните личности во неговиот живот

Далеку од корона, далеку од Македонија….македонскиот пејач ужива на плажа, а друштво му прави една од најважните личности во неговиот живот
фото: Инстаграм/даркоилиевски/иванаилиевска

Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и коронавирусот кој го зафати светот се уште под знак прашање се одморите и егзотичните дестинации.

Доколку претходното лето планиравме да заминеме некаде на одмор надвор од Македонија или некоја егзотична дестинација, оваа година ќе може да уживаме или во соседните земји, или во нашата преубава земја.

Македонскиот пејач Дарко Илиевски веќе ужива на плажа и тоа во најдобро друштво.

фото: Инстаграм/даркоилиевски

Имено, Дарко со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели да живее на Флорида во САД, а во  2019 тие станаа родители на нивното прво дете, синот Матео.

фото: Инстаграм/даркоилиевски

Пејачот оттогаш максимално е посветен на својот наследник и ужива во секој момент со него.

Така тие изминатите денови заминаа на плажа и уживаа во прекрасните сончеви зраци, но и времто кое го поминаа заедно.

Илиевски на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии и покажа како ги полни батериите со својот наследник.

фото: инстаграм/иванаилиевска

фото: Инстаграм/даркоилиевски

Останати вести од Радио Милева