Радио Милева

„Да бришете прашина со овие парчиња“: Варошлија со модни критики за Татјана Лазаревска (видео)

„Да бришете прашина со овие парчиња“: Варошлија со модни критики за Татјана Лазаревска (видео)

Во најновото издание „Мода“ со Сергеј Варошлија на мета овојпат се најде стајлингот на македонската фолкерка Татјана Лазаревска.

Имено, модниот критичар коментираше фотографија на која е Лазревска со некои пријателки.

Водителот немаше пофални зборови за нашата фолкерка, па упати жестоки модни критики.

„Драги гледачи, дали фотографијата случајно преку времеплов машина од минатото ми ја испрати оваа фотографија каде што луѓето во некое време, крајот на 70тите или 80тите и тогаш вака не изгледале. Ова треба да е за во 21век? Една од нив пее, а другите можеби и се вокали. Сите на куп се ужас“ вели Варошлија.

За македонската фолкерка која е втора на фотографијата облечена во фармерки и бела кошула, тој имаше критики.

„Таа позади нејзе бело кошулче, фармерки, бели радиоактивни чевли. Но, важно коса, мејкап до бол, окречена“ вели водителот за Лазаревска.

Тој истакна дека нивната облека не е функционална.

„Сите четири ќе размислите зошто ова го зборувам. Ќе видите дека вашите алишта се нефункционални, освен што може да ги ставите само во една функција – да бришете прашина со тие фустанчиња. Толку им е намената“, заклучи Сергеј.