Радио Милева

Човекот кукла има четири ребра помалку, 150 операции на себе, а природно некогаш изгледаше вака (фото)

Човекот кукла има четири ребра помалку, 150 операции на себе, а природно некогаш изгледаше вака (фото)
фото:profimedia

Родриго Алвеш е познат како човечкиот Кен, на што тој исклучително се гордее. И сам признава дека на себе оперирал се освен машкоста.

Една телевизиска екипа неодамна одлучила по тој повод да му направи еден трик. Имено, тие пратиле продуценти да разговараат со него за промена на полот и за тоа му понудиле огромна сум пари, носејќи се со тоа дека тој би се согласил.

Иако очекувале дека ќе добијат потврден одговор, родриго бил концизен и кажал не, без оглед на тоа што му е понудено.

FOTO: PROFIMEDIA

-Моето здравје и достоинство сепак се на прво место. Не може никој да ме купи за ниедни пари и затоа одбив, појаснил Родриго за „Дејли мејл“.

FOTO: PRINTSCREEN / YOUTUBE

Човечкиот Кен со пластичните операции почна пред шест години. На почетокот тоа не изгледаше толку страшно, но подоцна дојде до моментот кога посака да му извадат ребра за да има поубава фигура. Докторите му кажаа дека доколку извадат шест ребра може да му бидат загрозени некои животни функции, па затоа отстранети се само четири.