Радио Милева
средба на две легенди

Чола ги посети македонските фудбалери, ама само со една фудбалска ѕвезда и неговото семејство се сретна „во четири очи“! (ФОТО)

Чола ги посети македонските фудбалери, ама само со една фудбалска ѕвезда и неговото семејство се сретна „во четири очи“! (ФОТО)

Една од најголемите балкански музички ѕвезди, Здравко Чолиќ е во Скопје. Десеттина дена пред да го одржи својот голем концерт на 15 јуни на националната арена, тој одработувајќи ги медиумските обврски, најде време и да ги посети македонските фудбалски репрезентативци.

Чола им приреди големо изненадување на македонските фудбалери, па се појави на утринскиот тренинг на селекцијата.

Македонија се подготвува за јунскиот квалификациски циклус за ЕУРО 2020 година, а своја поддршка ќе има од легендарниот пејач. За возврат, Чолиќ доби подарок дрес од нашиот национален тим со бројот десет  и неговото презиме на грбот.

Легендарниот Чола и самиот голем фудбалски фан,  ги посети фудбалерите на трнинг, ама само еден македонски фудбалер го посети лично. Имено, тој се сретна со македонската фудбалска легенда и неговата исто така позната сопруга и нивните ќерки!

Некои познанства пресрасуваат во пријателства кои со тек на годините траат, па Чолиќ им дојде на гости на Панчеви, а Маја и Дарко беа доби домаќини. Дружбата на двете легенди – музичката и фудбалската е полна со емоции и спомени, па популарните „Чола“ и „Кобра“ имаа што да си кажат и раскажат. Да се потсетат на минатото и да муабетат за сегашноста во која живееме, но и иднината на нивните семејства.

Едниот ги памети неговите голови, другиот неговите песни, а сите ние заедно ги паметиме врвните спортски и музички дострели на двете легенди!

Чола ги покани Панчеви да бидат негови гости на претстојниот концерт, а тие со задоволство ја прифатија поканата зашто кај нив она: „Ти си ми у крви“ важи по два основа. И кога е спортот (Дарко) и кога е музиката (Маја) во прашање!