Радио Милева

Чикашкиот камионџија се пошегува на сметка на Сара Мејс, а таа не остана должна – еве како му врати

Чикашкиот камионџија се пошегува на сметка на Сара Мејс, а таа не остана должна – еве како му врати

Дарко Јефремов, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“ и шеговитите видеа што ги прикачува на неговиот Инстаграм профил, кои ги снима за време на патувањата.

Тој на социјалните мрежи на шеговит начин коментира разни настани, случувања, познати….

Овој пат на ред се најде пејачката Сара Мејс. Имено, пред некој ден Сара на својот профил на „Инстаграм“ објави нова фотографија.

 

View this post on Instagram

 

Spring is here🌸 Wearing @fran.mk Plus- Size fashion model 😁😬😂❤️ Одсекогаш сакав да бидам пополничка. А и сакам да си ручкам #мњам 😁 Благодарение на @dermabellamk и начинот на кој го третираат моето тело (веќе после два месеци) не се срамам од мојата постпартум тежина и изглед. 🙋‍♀️ #cheerstothat 🥂 #hairstylist @darko___petkovski @_hair_house_ #mua @frozi_fran #plussize #plussizefashion #6monthpostpartum #whiteflowers #springlove #springclothes #photocredit 📸@vertigo.creative.photography 🌷

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on


Македонскиот камионџија не чекаше многу време, па во негов стил се пошегува на сметка на пејачката.

Имено, тој во кратките приказни на „Инстаграм“ ја објави фотографијата на Сара, а во описот напиша: „Кога баба ти е дизајнер“.

фото принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, Мејс очигледно ја видела оваа објава, на остана должна, па веднаш врати на коментарот.

Имено, таа ја сподели објавата на камионџијата, па напиша: „Не си нормален, па пролет е бе“ одговори Мејс.

фото: Принтскрин/инстаграм

Секако, станува збор за шега, па ниту едниот ниту другиот не се налути поради шегите. Кој е следниот кој ќе се најде на „мета“ кај Дарко останува да видиме.