Радио Милева

Честитки пристигнаа од сите страни: Тијана Дапчевиќ и сопругот имаат важен повод за славење

Честитки пристигнаа од сите страни: Тијана Дапчевиќ и сопругот имаат важен повод за славење
фото: Принтскрин/инстаграм

Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ ретко зборува за својот приватен живот, а зад камерите ужива во својата семејна идила.

Летниот период, Дапчевиќ го искористи за да ужива на некоја егзотична плажа, а кога ги наполни батериите се врати во Белград, а таму имаше убав повод за славење.

фото: принтскрин/инстаграм

Имено, Тијана и нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ вчера наполнија 20 години од бракот.

Таа на социјалните мрежи објави колаж фотографија од неа и Милан од пред неколку години, и како ќе изгледаат за неколку години.

Во описот на фотографијата напиша:

„Те сакам Милан Дапчевиќ. Да бидеме заедно уште 20 и 20 и 20 години (да бидеме вакви како „Faceapp“) и да се сакаме засекогаш“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, а меѓу нив е и коментарот на хрватската пејачка Нина Бадриќ која напиша: „Ма убави сте и вака и онака“.

За потсетување, Тијана и Милан од бракот го имаат синот Вук, а таа истакна дека сака повторно да се оствари во улогата на мајка.

Останати вести од Радио Милева