Радио Милева

„Чекај да видам“: Јелена Спенџарска откри по кој критериум треба да се бираат мажите!

„Чекај да видам“: Јелена Спенџарска откри по кој критериум треба да се бираат мажите!

Кога станува збор за идеален партнер, секој си има претстава како треба да изгледа и каков да му биде карактерот.

Некои од македонските јавните личности веќе си го најдоа својот совршен партнер, запливаа во брачните води и уживаат во љубовта и во нивниот плод.

Некои веќе се реализирани како и родители, а некои уживаат само во љубовната идила со партнерот.

Македонската водителка Јелена Спенџарска која редовно е во физичка активност и го одржува своето згодно тело, изгледа дека  „не ја одржува љубовта“, па оној вистинскиот се уште не дошол во нејзиниот живот.

Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија, а во самата објава објасни според кој критериуми треба да се бираат мажите.

„ Мажите треба да се бираат по едноставни критериуми. Чекај да видам…среќна сум со тебе? Не…. Ај,чао, напиша Јеца во описот на фотографијата.

А со оглед на тоа што водителката најчесто споделува фотографии без партнер, сигурно се уште не се појавил оној кој го исполнил критериумот и ја направил среќна.