Радио Милева

Чека развод од Наташа Беквалац: Лука Лазукиќ планира свадба со шест години постара девојка?

Чека развод од Наташа Беквалац: Лука Лазукиќ планира свадба со шест години постара девојка?
фото ата имагес

Лука Лазукиќ се уште не се развел од Наташа Беквалац, а веќе планира свадба со својата нова девојка, пренесува Телеграф.рс

Како што пишуваат медиумите, Лука откако ќе се разведе повторно ќе заплива во брачните води со шест години постара девојка.

„Лука ги запозна блиските пријателки со новата девојка, тие планираат свадбата да биде до септември. Единствено што може да ги промени плановите е разводот со Наташа кој треба да биде завршен до 20 јуни за кога е закажено рочиштето.Тој планира на првото рочиште бракот да биде прекинат и да се ожени со новата девојка“ вели извор за „Телеграф“ и додава:

фото: ата имагес

„Неговата партнерка живее во Цирих и често доаѓа во Белград. Многу е богата и таа ги плаќа адвокатите на Лука во спорот со Наташа. Неодамна му плати 19 000 евра за операција со грбот. Без разлика на се, нивната свадба ќе биде скромна во кругот на најблиските“ вели изворот.

Како што вели изворот, Лука инсистира свадбата да биде во септември односно во истиот месец кога тој се венчеше со Наташа.

Останати вести од Радио Милева