Радио Милева

„Цело време плачев и гледав во него“: Александра Пријовиќ откри детали од крштевката на синот

„Цело време плачев и гледав во него“: Александра Пријовиќ откри детали од крштевката на синот
фото: ата имагес

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вчера (11 март) го крстија синот Александар во храмот „Свети Сава“ во Белград.

По церемонијата, Александра откри дека крштевката била многу емотивна и дека цело време плачела.

„Нависитна беше многу емотивно и преубаво, и морам да признам дека плачев. Цело време плачев и гледав во него“ призна Александра.

фото: ата имагес

Лепа Брена исто така призна дека е возбудена поради важниот ден на нејзиниот внук и дека се горди на Александар.

„Многу сме возбудени, ова е свечен чин за целото наше семејство. Горди сме на Аки кој не плачеше. Беше преубаво, величенствено и достоинствено“ кратко изјави Брена.

фото: Принтскрин/јутуб

Пријовиќ истакна дека поради моменталната состојба поради корона вирусот одлучиле да ја откажат прославата која беше закажана во еден хотел во Белград.

„Па, ете не сакавме да разикуваме, нема потреба. Тоа беше заедничка одлука на целото семејство и одложивме, само нека помине. Вечерва ќе надравиме“ изјави сопругата на Филип.

За потсетување, малиот Александар неодамна наполни една година.

Останати вести од Радио Милева