Радио Милева

Цела естрада во домот на Живојиновиќ: Лепа Брена имаше голем повод за славење

Цела естрада во домот на Живојиновиќ: Лепа Брена имаше голем повод за славење

Во семејството Живојиновиќ секоја година се слави „Свети Архангел“, а како и секогаш гости се познати јавни личности.

Средени и насмеани пристигнаа да покажат почит кон Лепа Брена и нејзиното семејство.

Снаата Александра Пријовиќ на славата пристигна со сопругот Филип Живојиновиќ.

Жељко и Јована се појавија во минималистичка елеганција, Кеба расположено позираше на фоторепортерите.

Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ со сопругата донесоа и подарок на домаќините.

Меѓу познатите се појавија и Ана Бекута со партнерот Мрка, Жика Јакшиќ, Бранка Невестиќ. Млаџан Динкиќ со сопругата, Сања Ѓорѓевиќ со ќерките…

А бидејќи Живојиновиќ се познати по добри прослави, па и овојапат беше така.

Добра храна и пијалоци, одлична атмосфера, расположено друштво владееше во домот на Живојиновиќ.

фото: Дамир Дервшагиќ