Радио Милева
споделија емоции

Цеце Георгиев ја фотографираше својата новородена ќеркичка со својот љубимец, кој чудно изреагира: „Љубов или љубомора“? (ФОТО)

Цеце Георгиев ја фотографираше својата новородена ќеркичка со својот љубимец, кој чудно изреагира: „Љубов или љубомора“? (ФОТО)

Македонската манекенка и топ модел Цеце Орешкова, сега Георгиев, која неодамна се породи и на свет ја донесе малата принцеза, која  за македонски поими  доби необично име: Кара Розмари, ја фотографираше својата ќеркичка и ја покажа во јавноста.

Згодната неготинчанка која денес живее во Скопје и  е во брак со манекенот Кристијан Георгиев со кого беа во љубовна врска долги години и претходно имаше мноштво фотографии и повеќе фотосесии со својот сопруг, но и со своите љубимци, коњите од нивниот коњички клуб „Енималс“.

Дури уште не породена, среќната мајка откако веќе го знаела полот на бебето, ги сликаше малите бебешки чевлички заедно со своето омилено грло.

Сега, откако се породи, Цеце реши да направи неколку фотографии заедно со својата мала принцеза и нејзините љубимци.  Секако, во прв план овој пат не беше манекенката, туку нејзината мала кукличка Кара Розмари и нејзиниот љубимец, грлото Чарли од коњичкиот клуб „Енималс“.

Но љубовта колку и да е голема е една, па по се изгледа на расното грло му беше тешко да ја спознае, односно да ја дели со друг? Или можеби само на Цеце, на која мајчинскиот инстикт сега и е многу поизразен, за момент така и се причини, кога Чарли се обиде да биде „поблизок“  со својата газдарица… Како што тоа го правеше порано!

Или и тој  својата љубов, освен со газдарицата, само сакаше да ја сподели и со малата принцеза?

„Љубов или љубомора“ – напиша Цеце покрај фотографијата која ја постираше на социјалните мрежи каде таа, нејзината малечка ќеркичка и нејзиниот љубимец  Чарли заедно споделуваат емоции!