Радио Милева

Цеца за својата идна снаа: „Опасна е, секој автобус има своја последна станица“

Цеца за својата идна снаа: „Опасна е, секој автобус има своја последна станица“
фото: принтскрин/инстаграм

Идната снаа на Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ пред некој ден заедно со нејзините пријателки, но и со Анастасија Ражнатовиќ славеше моминска вечер.

Фолк дивата била поканета на забавата, но сепак таа не се појави бидејќи била зафатена и како што вели нема време.

„Немав време да помогнам во ораганизација на тој посебен ден за Богдана, но нејзините сестри, другарки, кумата и Анастасија успеа успешно да организираат. Бев поканета, но не можев да одам. Искрено, не ни знам како си поминаа бидејќи ниту една немаше време да ми раскаже. Јас сум зафатена по цел ден околу свадбата и сега му помагам на Вељко да ја орагнизира својата моминска вечер која ќе се одржи во недела. Многу ни е забрзано темпото, станувам во 6 часот наутро, а легнувам доцна бидејќи имам настапи“ вели Ражнатовиќ.

фото; принтскрин/прва.рс

На прашањето што мисли дека нејзината снаа е опасна и успеала да го заведе нејзиниот син, пејачката вели:

„Опасна ми е снаата, го заведе Вељко, но јас не се мешам во тоа, само можам да се пошегувам и да кажам секој автобус има последна станица“  вели Цеца низ насмевка.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, свадбата на Вељко и Богдана е закажана за 24 ноември, а тие следната година ќе станат родители на нивното прво дете.

Останати вести од Радио Милева