Радио Милева

Цеца за свадбата на Вељко: „За мене тоа не е ништо ново“

Цеца за свадбата на Вељко: „За мене тоа не е ништо ново“
фото: србија данас

Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ на 24 ноември ќе заплива во брачните води со неговата партнерка Богдана Родиќ.

Српските медиуми со денови пишуваат за „свадбата на деценијата“ и откриваат нови детали за големата венчавка.

Конечно, се огласи и Цеца и откри дека одлично одат подготовките за свадбата.

„Ние сме одлично организирани, имаме искуство со организација на слични случувања, полнолетството на Вељко, па на Анастасија. Така да, за мене ова не е ништо ново, само ќе се потрудиме да биде нешто поразлично“ вели Цеца.

фото: Инстаграм

Пејачката откри дека е многу задоволна со Богдана и како се согласува со нејзиното семејство, па откри дека најаважно е бебето и нејзините деца да бидат живи и здрави.

„Тие долго време живеат заедно, се очекуваше да се случи тоа, се свршени, ја планираат својата иднина. Тоа беше пријатно изненадување за двете семејства, сите сме среќни и радосни, само нека се живи и здрави. Добив снаа каква може секој да посака, потполно се согласува со семејството, тоа се прекрасни луѓе, сите сме среќни, тоа е најважно“ вели идната баба.

За потсетување, Вељко и Богдана неодамна потврдија дека следната година ќе станат родители на нивното прво дете.

Останати вести од Радио Милева