Радио Милева

Цеца стана баба: Се породи Богдана Ражнатовиќ

Цеца стана баба: Се породи Богдана Ражнатовиќ
фото: Инстаграм

Вељко и Богдана Ражнатовиќ станаа родители, а фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ стана баба.

Како што пишува ало.рс, Богдана се породила утринава во  10 часот на една приватна клиника во Белград.

Бебето е тешко 3 360 кг, долго 53 центиметри.

Породувањето било со помош на царски рез, а ја породил докторот кој ја породи и Цеца, доктор Миленко Пророчиќ.

Вељко присуствувал на породувањето и заедно со својата сопруга го чекале наследникот.

За потсетување, претходната година во ноември Вељко и Богдана запливаа во брачните води.

Останати вести од Радио Милева