Радио Милева

Цеца Ражнатовиќ открива детали од приватноста, а има и порака до посилниот пол – „Сама сигурно нема да пријдам“

Цеца Ражнатовиќ открива детали од приватноста, а има и порака до посилниот пол – „Сама сигурно нема да пријдам“
фото: цеца/ инстаграм

Пејачката Цеца Ражнатовиќ вели дека нејзиниот живот е доста досаден. Таа едвај се сеќава на концертите, а како што вели по настапот секогаш се чувствува феноменално, полна со ентузијазам, енергија, среќна и подготвена за нови потфати.

Пејачката вели дека имала понуди да снима филм заснован на нејзиниот живот.

– Секој што понуди ваков вид соработка имаше еден услов, а тоа е да им дадам биографија што ќе ја изменат во одредени сегменти. Тоа е и почеток и крај, причина зошто не се согласивме. Едноставно, за да направам филм, и за сè да биде вистина, јас ќе треба да го финансирам сама. Во моментов немам ниту такви афинитети ниту финансии – вели Цеца за „Србија данас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Најголемата радост за неа оваа година беше раѓањето на нејзиниот внук, и таа вели дека не и пречи што јавноста ја примила оваа вест со голема љубопитност.

– Бев толку среќна што можев да одам по улица и да викам колку сум среќна – рекла Цеца.
Цеца вели дека најдобро се снаоѓа за малиот Жељко.

– Го сакам тоа дете, можам да му дадам смеа и радост – вели Цеца.

Пејачката е сама со години и не е во врска долго време, а мажите не и приоѓаат.

– Да не лажеме, не ми е лесно да пристапам. Факт е дека сите ќе го видат тоа јавно, а вие не знаете ни како ќе реагирам. Не знам што да ги советувам припадниците на посилниот пол. Јас сигурно нема да ти пријдам сама. За да ме привлече, еден човек мора да ја разбуди хемијата меѓу нас. Со малку повеќе животно искуство, можам да кажам дека не е важно како изгледа, но сепак сум естет, сакам убави појави – рекла Цеца.

 

View this post on Instagram

 

Šteta je,šteta jeeeeee…..Šteta za meneeeee…..😂😉❤️

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Ова лето, како и многумина, таа не го искористи за летување.

– Беше тешко лето, бев заклучена во четири sида, излегов малку во Белград, низ Србија. Жал ми е што не заминав, но што е тука е – вели Цеца.

Останати вести од Радио Милева