Радио Милева
по наговор на фановите

Цеца отвора нов бизнис: Дали ќе престане да пее? (ФОТО)

Цеца отвора нов бизнис: Дали ќе престане да пее? (ФОТО)

По успешниот бизнис со парфемот “Илузија од Цеца”, најголемата регионаслна фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ реши да направи чекор понатаму во оваа индустрија.
Имено, пејачката по наговор од своите обожаватели одлучи да отвори своја мејкап линија, па со својот тим  веќе го развива бизнис планот пишува српски “Ало!”.
За почеток, оваа линијаќе се базира на кармини, додека во следната фаза ќе биде развиена линијата за пудри, руменила, маскари…

Цеца во врска со нејзиниот изглед и шминка со години добива прашања од своите фанови, најчесто преку социјални мрежи. Најчесто тие се заинтересирани за тоа, која нијанса на кармин користи, а прашањата најчесто се засноваат на тоа каде можат да набават таков кармин – изјавил извор близок до пејачката. Како што ни кажа, тоа ја навело да размислува за производство на нејзина сопствена марка кармин, единствена по боја и текстура.

Дали новиот бизнис на Цеца ќе го фрли во сенка и стави во втор план пеењето? – загрижено прашуваат нејзините обожаватели, на што пејачката праќајќи им бакнеж вели дека првата љубов – песната, никогаш нема да ја остави!