Радио Милева

Цеца на прослава на роденденот на зетот: Таа и Анастасија блескале од среќа, а потоа се фатиле и за микрофонот (ВИДЕО)

Цеца на прослава на роденденот на зетот: Таа и Анастасија блескале од среќа, а потоа се фатиле и за микрофонот (ВИДЕО)

На гламурозната прослава на 30. роденден на Ѓорѓе, момчето на Анастасија Ражнатовиќ, дошла и нејзината мајка, фолк дивата Цеца, а двете со изгледот ги воодушевиле присутните.

Ѓорѓе го прославил роденденот во еден ресторан во Белград каде собрал голем број пријатели, а Цеца и Анастасија стигнале меѓу првите гости.

„Цеца беше многу расположена и уживаше со гостите. Едноставно блескаше! Анастасија не се одвојуваше од Ѓорѓе. Цела вечер се гушкаа, се гледа дека нивната љубов е многу силна“ – вели изворот и додава дека пејачите направиле врвна забава.

Саша Матиќ бил главен, кој сите ги дигнал на нозе.

По некое време микрофонот го земала и Анастасија која го испеала хитот „Рани“, а и една песна од нејзината мајка.

Останати вести од Радио Милева