Радио Милева

Цеца и Лукас запејаа по повод 20 годишнината од смртта на Аркан, а Анастасија остави емотивна порака за починатиот татко

Цеца и Лукас запејаа по повод 20 годишнината од смртта на Аркан, а Анастасија остави емотивна порака за починатиот татко
фото: Принтскрин/инстаграм/анастасијаражнатовиќ

Во вилата на Ражнатовиќ на Дедиње вчера се славаше Стара Нова година, а Цеца ги собра пријателите и блиските роднини.

Како вистинка домаќинка, Цеца подготви богата трпеза за своите гости, а фолк дивата преку социјалните мрежи сподели дел од атмосферата во нејзиниот дом.

И младата Анастасија на социјалните мрежи сподели дел од прославата, а посвети и објава посветена на својот починат татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

фото: Принтскрин/инстаграм/ражнатовиќанастасија

Имено, Цеца и Аца Лукас кои се долгогодишни семејни пријатели, на прослава запејаа во чест на Аркан. Тие ја запејаа песната „Како ми недостајеш“ од Харис Џиновиќ.

Анастасија ја слушаше оваа песна, па во кратките приказни на „Инстаграм“ објави дел од изведбата, па напиша:

„Од мене….„Тако ми недостајеш….20“.

фото: Принтскрин/инстаграм/ражнатовиќанастасија

Бројот 20 означува 20 години од смртта на Аркан кој на 15 јануари 2000 година беше убиен во еден познат белградски хотел.

Во продолжение погледнете го овој емотивен момент.

Останати вести од Радио Милева