Радио Милева
конечно „падна“ во прегратки...

Цеца е конечно „вљубена до уши“: Фолк дивата има љубовна врска со помлад угостител! (ФОТО+ВИДЕО)

Цеца е конечно „вљубена до уши“: Фолк дивата има љубовна врска со помлад угостител! (ФОТО+ВИДЕО)

Пејачката Светлана Цеца Разнатовиќ (46), деновиве стана мета на српските медиуми, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од нејзиниот нов партнер.  Најголемата балканска ѕвезда наводно е во љубовна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград.

Кога е Цеца во прашање, станува збор за вистинска ексклузивност, особено ако се знае дека таа ретко открива детали од својот приватен живот.

Според зборовите на извори блиски до вљубената двојка, запознавањето се случило на една роденденска забава на нејзина пријателка.  Потоа преку заедничкиот пријател се виделе уште неколку пати, каде што и се родиле симпатии и после неколку недели дружење, започнале романтична љубовна врска.

Од Нова година почнале да се појавуваат и заедно во јавноста, за што сведочат и папарацо фотографиите направени во еден ресторан, но пред тоа парот е виден и на Јахорина.

Instagram

Изворот објаснил дека Богдан со години работи во угостителската дејсност и бил многу успешен во својата работа. Тој е татко на женско дете по име Искра, за која вели дека му е се’ во животот, која му е ќерка од претходниот брак, откако се развел пред околу 5 години.

Но, засега ниту тој ниту Цеца официјално не ја потврдиле нивната врска.

Instagram
Српските медиуми по сознанието дека наводно е „вљубена до уши“, веднаш се обиделе телефонски да ја  контактираат Цеца, но таа на тоа само кусо одговорила:

„Не сакам да го коментирам мојот приватен живот. Збогум“, по што Цеца го прекинала телефонскиот повик ниту негиријаќи , ниту потврдувајќи ги шпекулациите, но екипата на емисијата „Папарацо лов“ ги „живи ги улови“ па погледнете го видеото и уверете се дали Цеца е или не е во нова „љубовна шема“?

 

Останати вести од Радио Милева