Радио Милева

Бурак Озчивит го напушти интервјуто откако новинарите му поставија едно прашање за неродениот син

Бурак Озчивит го напушти интервјуто откако новинарите му поставија едно прашање за неродениот син
фото:инстаграм/турскиглумци

Турскиот актер Бурак Озчивит присуствуваше на театарска претстава, а таму го дочекаа голем број новинари. Актерот одговараше на прашања за името на своето неродено бебе, а меѓудругото го прашаа и дали уште пред раѓање навистина му отвориле профил на Инстаграм.

Бурак прокоментира дека во слободно време се труди да посетува повеќе претстави. На прашањето дали во иснина ќе се проба во театар, Бурак одговара:

„Моментално не сум сигурен, но зошто да не во иднина“

фото:инсатграм/турскиглумци

Кога прашањата преминаа на неговиот нероден син, Каран, актерот не сакаше да продолжи да зборува.

На парашањето чија е одлуката името на синот да биде Каран, тој одговара:

„Заедно одлучивме“.

Кога новинарите продолжија со прашањето за Инстграм прфилот на неродениот син, Бурак одлучно го прекина интервјуто и си замина, пресува порталот „Турски глумци“.