Радио Милева
еднаш мораше да и тргне

Бугарската фолкерка Деси Слава имаше дискотека, музичка ТВ – и пропаднаа… Отвори бурекџилница, па лани направила 400.000 евра од банички!

Бугарската фолкерка Деси Слава имаше дискотека, музичка ТВ – и пропаднаа… Отвори бурекџилница, па лани направила 400.000 евра од банички!

Паралелно со нејзините настапи по фолк клубови и дискотеки, бугарската фолк пејачка Деси Слава исто така, најде време да го развие својот бизнис во прехранбената индустрија.

Една од нејзините компании поседува ресторан за брза храна. Објектот на фолкерката се наоѓа на главната улица во Свиленград. Според неговата регистрација во агенцијата за храна, се работи за еден вид пекарница и бурекџилница која им нуди на гладните клиенти банички, симитки, мини пици, лазања, слатки и безалкохолни пијалаци. Бурекџилницата  на пејачката функционира од пролетта 2012 година. Благодарение на стратешката локација, бројот на муштериите не престануваат да се зголемува, објаснуваат луѓето од градот. Резултатите се видливи и од финансиските извештаи.

Според документиет, компанијата на пејачката заработила речиси половина милион лева профит. Покрај тоа, пекарницата заработела и околу 300 000 лева од испорачани производи, што е вкупно околу 400.000 евра годишна заработка за 2018 . Импресивните резултати од „банички и боза бизнисот“  придонесоа пејачката  да размислува  да го прошири бизнисот, објаснуваат упатените. Како резултат на тоа, фолкерката регистрирала филијала на нејзината компанија во Софија. Значи, во блиска иднина, можно е да се очекува брза закуска ала  „Деси Слава“ во главниот град на Бугарија.

Да ве потсетиме дека производството на банички не е прв бизнис проект на пејачката. Пред некое време, Деси Слава заедно со Азис отвори дискотека во студентскиот кварт Софија. Клубот беше именуван по еден од нејзините најголеми хитови „Бели ноќи“. И покрај гламурозното рекламирање и модерниот мебел и ентериер, клубот не траеше долго.

Набргу по пропаѓањето на дискотеката, фолкерката тргна да  создаде сопствена музичка телевизија со амбиција да се натпреварува со култниот  музички канал “Планета”. Но, плановите и идеите  на бугарската пејачка, никогаш не се реализираа. Откако каналот не успеа да ги освои срцата на фолк публиката, пејачкатат го продаде само една година по отоворањето. Купувач бил извесен бизнисмен од Пловдив по име Костадин Хајков, кој пред неколку дена беше осуден за прикривање на ДДВ.

Извор:Новини.бг

Фото: Инстаграм принтскрин