Радио Милева
брутално враќање

Бугарската фолк „милфица“ Деси Слава тврди: „Многу сум добра“ (ВИДЕО)

Бугарската фолк „милфица“ Деси Слава тврди: „Многу сум добра“ (ВИДЕО)

Минатиот декември, пејачката Десислава стана мајка по вторпат. Дури и пред да објави дека е бремена, медиумите ја разоткрија пејачката, посочувајчи на нејзиното поднараснато стомаче, пишува бугарска HotArena.

За време на бременоста дополнително се здебели, а откако се породи, уште и повеќе.

Деси добиваше главно критики дека не може да ги врати својата поранешна килажа и физикус и по се изгледа дека  натаму ќе ја гледаме како полничка.

Чудото, сепак, се случи и една од врвните бугарски фолкерки конечно е во одлична форма.

Ова особено е забележливо во нејзиното ново видео за песната со провокативен двосмислен наслов – „Многу сум добра“. Во спотот, русокосата фолкерка покажува извајано тело кое не е слабо, но со совршена линија.

Деси е облечена во секси кус мини фустан кој ги нагласува облините како и нејзиниата половината и ги открива разголените секси нозе.

Нејзините обожаватели се убедени дека со овој проект, Десислава се бори да се врати на врвот на фолк сцената.

“Деси е многу убава и многу секси”, “Ама навистина е многу добра! “Браво, Деси. Брутално враќање” –  гласат само мал дел од пофалните коментари кои се постирани од нејзините фанови под видеото на социјалните мрежи.

А во видеото, Деси е повеќе од секси. Провокативните разголени сцени, симулација на секси масажа, бујни атрибути во крупен план, еротски движења, милувања и допири и стихови од типот: „Најдоброто за тебе ќе го направам, ќе те мачкам и ќе те лигавам, душата ќе ти ја извадам, многу сум добра!“ …

И навистина, распеаната бугарска „секси милфица“ уште еднаш потврди дека… Многу е добра!

Впрочем, погледнете го видеото и уверете се и самите:

Извор:Новини.бг