Радио Милева

Бугарската фолк ѕвезда Андреа се пофали со сочните облини, црниот тен и новиот базен! (ФОТО+ВИДЕО)

Бугарската фолк ѕвезда Андреа се пофали со сочните облини, црниот тен и новиот базен! (ФОТО+ВИДЕО)

Бугарската фолк ѕвезда Андреа ја отвори летната сезона. Пејачката  се пофали со новиот базен. Таа сподели фотографии на социјалните мрежи под кои пишува “Јас работам на мојот нов базен”.

Деталите за базенот не се познати, ниту пак кој е  изведувачот работите, а уште помалку кој го плаќа. Впрочем за вака убаво и заоблено секси газе какво што покажа фолк ѕвездата, секогаш ќе се најде инвеститор.

На бугарската фолкерка не и е прв пат да ги буди блудните фантазии на нејзините обожуватели, фрлајќи ги во искушение со своите секси фотографии.

Како оние, најновите кога бугарската фолкерка беше на посета во Терми крај Солун, во Грција…

…каде ги впиваше првите сончеви зраци на своето тело во едноделен секси костим за капење, кој повеќе открива што се крие под него, отколку што истото го покрива… За пејачката подобро да го потемни тенот покрај базенот!

Инаку, пред две недели, Андреа сними ново видео во егзотичното Мароко. Таа пее во дует и вели дека новиот дует и е снимен со една од најголемите ѕвезди во арапскиот свет – Серџо.

Русокосата силиконска убавица во песната пее на англиски и арапски со што најавува исклучително свеж хит во претстојната летна сезона, пишува „Бугарија денес”.