Радио Милева
песна со посвета

Бугарката Марија му посвети песна на бившиот љубовник, а во видеото глуми вистински фудбалер, кој неодоливо личи на Роналдо (ВИДЕО)

Бугарката Марија му посвети песна на бившиот љубовник, а во видеото глуми вистински фудбалер, кој неодоливо личи на Роналдо (ВИДЕО)

Бугарската пејачка Марија го објави спотот за нејзината најнова песна „Ми недостигаш мило мое“, во која главната улога му е доверена на фудбалерот Дани Златков.

Самата пејачка во еден пост неодамна објасни дека текстот е поврзан со нејзиното лично животно искуство и затоа стиховите и песната имаат посебно место во нејзиното срце.

Според заколнатите обожаватели на бугарското музичко секси мињонче, песната му е посветена на  фудбалерот Кирил Десподов, а не на нејзиниот покоен поранешен љубовник, Ангел – „Свињарот“.

Следбениците на фолкерката се убедени дека таа  имала афера со познатиот бугарски фудбалер, но откако станала јавно позната, пејачката ја демантирала веста, на барање на спортистот.

Единствениата фолкерка која го следеше Десподов на Инстаграм беше Марија, а таа исто така беше негова обожавателка на  социјалните мрежи.

Откако гласините за нивната наводна љубовна афера осамнаа во јавноста, двајцата брзо се избришаа (отпратија) еден со друг, тврдат познавачите.

Затоа и не е случајно што главниот лик во видеото е фудбалер, кој дури држи топка во рацете, а неодоливо личи на светската ѕвезда, Кристијано Роналдо, што говори за вкусот на пејачката,  категорични се познавачите на случувањата во лесниот жанр пишува,  Hotnews.bg.

Останати вести од Радио Милева