Радио Милева

Буцката Адел е минато: По разводот пејачката се преполови и изгледа бомбастично! (фото)

Буцката Адел е минато: По разводот пејачката се преполови и изгледа бомбастично! (фото)
фото:инсатграм/адел

Популарната пејачка Адел која сите ја препознаваат по маестралниот вокал, но и вишокот килограми, сега тотално се промени кога станув а збор за физичкиот изглед.

Откако се разведе од сопругот Сајмон Конецкиј, таа почна драстично да се менува, а тоа го покажуваат и најновите фотографии.

Една од таквите настанала за време на концертот на „Спајс грлс“ во Лондон. За оваа прилика Адел се претстави во ново светло, облечена во црна блуза и црни панталони со принт кои соврешно ја истакнаа нејзината линија на телото.

Пејачката доста работела на себе, а резултатот е очигледен.

Инаку, светските медиуми не престануваат да пишуваат за разводот на Адел, а бидејќи поранешните брачни бартнери немаат предбрачен договор, најверојатно е дека ќе има сериозна борба за нејзиното богатство кое изнесува над 80 милиони долари.