Радио Милева

Брод што тоне: На Тамара Тодевска за малку ќе и потонеше снимањето на новиот спот!

Брод што тоне: На Тамара Тодевска за малку ќе и потонеше снимањето на новиот спот!

Македонската пејачка Тамара Тодевска која најмногу се прослави со хитот „Тажна љубов среќна песна“, летово подготвува ново музичко изненадување за фановите.

Имено, пејачката знае да спои убаво и корисно. А летово покрај одмор, таа го користи и за нови музички проекти.

Имено, по кратка музичка пауза, Тамара подготвува нова песна „Довидување таго“, за која снима и видео запис.

Ни бременоста, ни високите температури ја спречуваат Тодевска да работи на музичките планови.

Имено, периодов покрај тоа што одмара, таа и снима спот за „Довидување таго“, а  на социјалните мрежи откри со каков проблем се соочила додека снимала.

Момент на убаво чувство. Ми се познава нели? Ова е крај на снимањето. Тука сум премрзната како коцка лед. Дуваше толку силен ветер, да ми дуваше уште три дена во главата. Покрај тоа, ни чамецот не ни палеше да се вратиме од местото каде снимавме, до нашите сместувалишта, но задоволството направи од тоа ништо да не е важно“ напиша Тодевска на својот Инстаграм профил во описот на фотографијата.

Наскоро нејзината публика и нејзините фанови ќе имаат прилика да ја слушнат новата песна и сами да оценат дали им се допаѓа или не, а по лицето на Тодевска, на крајот, испаднало се како што треба.