Радио Милева

Британците шокирани од отвореното писмо на Меган Маркл и Хари: „Тaа е злобна и ќе биде уште полошо“

Британците шокирани од отвореното писмо на Меган Маркл и Хари: „Тaа е злобна и ќе биде уште полошо“
фото: Профимедиа

Меган Маркл и принцот Хари на својата официјална страна “Sussex Royal” се огласија со јавно соопштение во кое напишаа дека кралицата Елизабаета не го поседува зборот „кралски“:

Ова соопштение се појави откако британските медиуми напишаа дека Меган и Хари од пролет нема да може да го користат ознаката кралски.

Парот истакна дека ќе ги задржат титулите кралски иако често нема да ги користат.

фото: Принтскрин/инстаграм

Како што пишуваат странските медиуми, соопштението во некои делови има многу непријатен тон.

„Иако не постои јурисдикција на монархијата или кабинетот околу употребата на зборот „кралски“, од другата страна на океанот, војводата и војвотката од Сасекс немаат намери да го користат „Sussex Royal“ ниту било кој облик на зборот „кралски“ на било која територија (било во Обединетото кралство или вон него) после транзицијата во пролет 2020.“, порачаа.

Иако палатата објави дека Меган и Хари нема да ги задржат своите кралски титули, парот тврди дека сега ќе ги задржи, но нема активно да ги користат.

фото: Профимедиа

Гласноговорникот на брачниот пар прво објавил изјава за медиуми за нивната употреба на кралските титули во петокот во 19.30., а околу 22. часот е објавена многу подолга изјава преку Инстаграм стори. Во таа подолга изјава се реферирале на односот кон другите членови на кралското семејство, фактот дека Хари и понатаму е шести во ред за престолот и на тоа дека ќе ги задржи своите воени чинови. Бараат и заштита за нив двајца како и на нивниот син Арчи.

Експертите за кралското семејство ова соопштение на Мега и Хари го прогласија за уште еден катастрофален ПР.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Нејзините коментари за одлуката на кралицата одекнуваат со бес и злоба. Се плашам дека ќе стане полошо“, рекол Том Боуер, биограф на принцот Чарлс.

Кралскиот коментатор вели дека

Останати вести од Радио Милева