Радио Милева

Брена и Боба добиваат честитки од сите страни: Голема прослава во домот на Живојиновиќ

Брена и Боба добиваат честитки од сите страни: Голема прослава во домот на Живојиновиќ
фото: рајко ристиќ/ало

Кога станува збор за семејството Живојиновиќ тие се познати по добрите прослави и забави, а денес (07.12.2019) имаат посебен повод за славење.

Имено, Лепа Брена и нејзинот сопруг Боба слават 28 години брак, а како што вели пејачката тие сакат овој ден да го прослават во интимна атмосфера и без многу гламур.

фото: Инстаграм

„Ние тоа го прославуваме многу едноставно. Сакам децата да се со нас, нивните девојки и сопруги, Александра која сега е со нас. Сакам да отвориме шампањац, да седиме, да се дружиме и да разговараме. Без голем гламур“ вели Брена.

Таа потенцираше дека во нејзиниот дом веќе започнала новогодишната атмосфера.

фото: Инстаграм

„Декември е месец во кој имаме многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат, а тоа е да имате комуникација со семејството. Затоа на нашите деца им се потребни мајки во декември, а не само во другите месеци. Јас имам среќа што моите деца многу повеќе ми помагаат на мене отколку јас на нив. Многу сум среќна оваа година, бидејќи Боба и јас славиме 28 години од бракот. Потоа, следуваат концертите во Загреб. Потоа, следува театарската претстава која многу ме израдува бидејќи во животот на еден уметник секогаш се случуваат нови работи кои се круна или ја надоградуваат неговата работа. Се додека имате прилика да сте во околината на креативни луѓе, тогаш тоа е совршено“ вели Брена.

фото: инстаграм

За потсетување, Лепа Брена и Боба се запознаа на премиерата на филмот „Хајде да се волимо“, а на 7 декември 1991 година нивната љубов ја крунисаа со брак. Тие од бракот ги имаaт двата сина, Стефан и Виктор, а Боба од првиот брак го има синот Филип за кој фолк пејачката отсекогаш велеше дека и тој е нејзин син.

Останати вести од Радио Милева