Радио Милева

Бремената Гога Секулиќ откри дека на синот ќе му даде две имиња

Бремената Гога Секулиќ откри дека на синот ќе му даде две имиња
Foto: Antonio Ahel/ATAImages

Пејачката Гога Секулиќ и нејзиниот сопруг Урош Домановиќ наскоро ќе се остварат во улога на родители. Пејачката е во седмиот месец од бременоста и чека машко бебе, што особено ги радува, а сега откри како се чувствува како идна мајка.

-Ми станува напорно, во третиот месец имав мачнини, од четврти до шести опуштено, а сега веќе тешко спијам, не можам да се наместам, малку шетам, одам на јога за бремени, имам рид од перници околу себе, но добро, како кај сите жени така и кај мене, вели Гога пред камерите на емисијата „Премиера“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulic (@sekulicgoga) on

Гога откри дека таа и нејзиниот соипруг донеле одлука за имињата на нивниот син:

-Ни се допаѓа идејата да има две имиња, само уште не сме прецизирале кои две имиња ќе бидат, но мораме наскоро да одлучиме, односно во наредниот месец дена, истакнува пејачката која за првпат ќе се оствари како мајка на 41 година.