Радио Милева

Бредли Купер „фатен“ со поранешната девојка на доделувањето на „Оскарите“ (фото)

Бредли Купер „фатен“ со поранешната девојка на доделувањето на „Оскарите“ (фото)
фото: Профимедиа

Добитничката на Оскар, Рене Зелвегер и нејзината некогашна љубов Бредли Купер се сретнаа на 92-то издание на доделување на Оскари кои се одржа во Лос Анџелес.

Рене освои златен кип за најдобрата главна улога во филмот „Џуди“.

Актерката се појави во бел фустан, додека Бредли се појави во црно костум.

Фотографите ги фотографирале додека разговарале – во одлично расположение, а со тоа докажале дека после раскинувањето останале во добри односи.

фото: гети имагес

Рене и Бредли се заљубија во 2009 година на снимањето на филмот „Случај 39“ а раскинаа во 2011.

Тие ја започнаа врската откако се разведоа од сопружниците со кои беа во врска. Актерот четири месеци беше во брак со Џенифер Еспосито, а исто толку време и Рене помина со нејзиниот поранешен сопруг.

Во тој период, Рене имаше само пофални зборови за својата колешка и девојка.

фото: профимедиа

„Сакам да доаѓам на работа, сакам да глумам со неа. Едноставно ја сакам“ изјави Купер пред 10 години.

Тие раскинаа во 2011 година, а како причина која се наведуваше беше посветеноста на Купер на неговата кариера.

За потсетување, претходната година главна тема на Оскарите беше блискоска на Бредли Купер и Лејди Гага кои на оваа манифестација ја изведоа „Shallow“, па започнаа шпекулации дека има нешто повеќе од пријателство.

Останати вести од Радио Милева