Радио Милева

Бред Пит се пошегува на сметка на принцот Хари

Бред Пит се пошегува на сметка на принцот Хари
фото: Профимедиа

Актерот Бред Пит е добитник на БАФТА наградата за најдобра машка улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, но тој не се појави на доделување на наградите.

Актерката Маргот Роби ја прими наградата во негово име, а го прочита и писмото за благодарност кое Бред го испратил. Актерот се заблагодари во свој стил, па ги насмеа сите.

фото: Принтскрин

„Добро вечер Британијо, само што слушнав дека си се развела. Ти посакувам се најдобро со бракоразводната парница, бла, бла,бла“ е дел од шегата која се однесува на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Меѓутоа, Бред го прокоментира и заминувањето на Меган Маркл и принцот Хари од кралското семејство, а во публиката во прв ред седеа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

„Наградата ќе го добие името Хари бидејќи навистина е возбуден што ќе ја носи во САД. Тоа се негови зборови, не мои“ прочита Маргот, па сите во салата се насмејаа на оваа шега.

Останати вести од Радио Милева