Радио Милева

Бракот на актерката Анѓелка Прпиќ се распадна бидејќи сопругот ја изневерувал со оваа старлета

Бракот на актерката Анѓелка Прпиќ се распадна бидејќи сопругот ја изневерувал со оваа старлета
фото:анѓелка прпиќ/принтскрин/инстаграм

Иако делуваа како хармоничен пар во јавноста, се чини дека актерката Анѓелка Прпиќ и нејзиниот сопруг Дарио имаа сериозни проблеми зад затворени врати!

Анѓелка секогаш зборуваше само убаво за нејзината љубов со сопругот, но во едно интервју таа на шега рече дека нејзиниот сопруг ја смета како неинтересна и дека тој и кажал дека животот со неа е досаден. Се чини дека тој сега најде извор на забава, во форма на поранешната водителка на реалното шоу „Парови“ Ава Карабатиќ, дознава „Ало.рс!“.

Имено, старлетата живеела во стан крај улицата од ресторанот што го водел сопругот на Анѓелка, а таа постојано минувала време на ручеци и вечери во неговиот ресторан. Позната како жена со слободен дух, Ава, наводно, не се колебала да го „нападне“ тогаш оженетиот Прпиќ, кој не останал имун на нејзините провокации.

 

View this post on Instagram

 

Ola 🌞 📸 @dario_prpic

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap) on


– Минатата година, бракот на Анѓелка беше на „слаби нозе“. Иако двајцата го оправдаа недостигот на внимание и љубов велејќи дека работат премногу и затоа наводно не можат да се посветат едни на други, реалноста е поинаква – вели извор близок на парот за „Ало!“ и додава:

– Веќе одамна се шпекулира во градот дека Дарио е неверен на својата сопруга, но никогаш не веруваше во тие приказни. Но, пред неколку месеци се појави приказна дека нејзиниот сопруг повремено се гледа со хрватската старлета Ава Карабатиќ, која е чест гостин во нивниот ресторан во центарот на градот. Кога малку повеќе обрна внимание на тие информации, таа сфати дека не станува збор само за озборувања – рече изворот на „Ало!“.

фото:ава карабатиќ/принтскрин/инстаграм

Пред неколку години, актерката зборуваше за тоа каков треба да бидеодносот на брачните сопружници:

– Сакам да сонувам и да фантазирам, но мислам дека сум доста реална. Бракот мора да се работи секој ден. Секоја жена помалку или повеќе има предиспозиција да стане незгодна со постојано „мелење“, па јас му велам на мојот сопруг дека треба да ми помогне да не станам таква – рече Анѓелка во тоа време.

– Кога доби доказ дека нејзиниот сопруг е неверен, Анѓелка решила да разговара со него и да побара развод – открива изворот за споменатиот српски медиум.