Радио Милева

Борис Новковиќ стана татко по трет пат, а за ќерката одбра сосема необично име

Борис Новковиќ стана татко по трет пат, а за ќерката одбра сосема необично име
фото: атаимагес

Хрватскиот поп пејач и композитор Борис Новковиќ и неговата 25 години помлада партнерка Ирис Волф го добија своето прво дете.

Борис и Ирис за името на ќерката одбрале сосема необично име од две букви, односно ќе се вика Си што во превод значи „душа“.

Борис кој е татко на два сина истакна дека раѓањето на ќерката е еден од најзначајните настани во неговиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Novkovic (@boris_novkovic) on


„И благодарам на Ирис што ми подари ќерка“ вели Борис и додава:

„Верувам дека нашата Си дека од златните висини не одбра нас за родители и слета во нашиот дом. Ирис, Боно, Ноа и ја и целото семејство ќе се трудиме да овој живот го направиме интересен и да ја оправдаме нејзината доверба која ни ја даде како родители“ вели пејачот.

Хрватските медиуми пишуваат дека Ирис и Борис кои се заедно од претходното лето планираат да се венчаат.