Радио Милева

Бора Чорба реагираше на написите дека е тешко болен

Бора Чорба реагираше на написите дека е тешко болен
фото: рајко ристиќ

Естрадниот магазин „Свет“ пишува дека фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ е тешко болен и дека наскоро оди на лечење, а оваа вест ја пренесоа домашните и регионалните медиуми.

„Бора неодамна дозна дека е болен.Единствено решение е операцијата“ вели извор за „Свет“.

По овие пишувања, Бора Чорба реагираше со соопштение во кое ги демантира овие пишувања.

„Рибља Чорба не ги откажа концертите, ниту ќе откаже еден настап. Напротив, 7 декември сме во Минхен, а во подготовка е голема турнеја. Се закажуваат и датуми за Америка. Веста за откажување на концертите е злонамерна, со намера да ни го обезвредни албумот „Да тебе није“ и да внесе несигурност кај нашите фанови, но и да ги обесхрабри организаторите“ вели Бора и додава:

фото: принтскрин/јутуб

„Исто така злонамерно е напишано дека бараме некои пари. Им благодарам на оние кои понудија финансиска помош, но пари не ни требаат. Сите во бендот сме осигурани“.

фото: масанори јошида/ало

На крајот, Ѓорѓевиќ се огласи и за написите дека е тешко болен.

„Не сум тешко болен, а тоа се виде на успешаната турнеја во 25 градови, а посебно на последните два – 13 септември во Љубљана и 5 октомври во Виена. Свириме и пееме подобро од кога и да било. Веруваме дека ваквите информации се саботажа на лоши луѓе. Во име на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ“.

Останати вести од Радио Милева