Радио Милева
штитеник и славеник

Боки 13 денеска без раскош и гламур го слави 33-тиот роденден во Шутка

Боки 13 денеска без раскош и гламур го слави 33-тиот роденден во Шутка

Денеска во затворот во Шутка, Боки 13 ќе го прослави 33-тиот роденден. Овој пат без роденднеска торта, свеќи и раскошот на кој беше навикнат.

Боки 13, кој е притворен во аферата Рекет, беше навикнат на гламурозни прослави на неговите родендени, со музика, познати пејачки ѕвезди и гости од македонскиот и балканскиот „џет-сет“.

Прославата на 30-тиот роденден Боки 13 ја почна со 1001 роза, 32-иот го славеше со италијанска вечера, а на социјалните мрежи тогаш напиша: „Мала Сицилија во Скопје“.

Сега 33-тиот роденден Боки 13 ќе го прослави во притворот во Шутка.  Лани со „мала Сицилија“ во Скопје, годинава со голема „Козаностра“ во цела држава!

Извор: Денешен.мк